Свештеникот на СПЦ, Саша Јањиќ, кој е српски државјанин, бил протеран од Црна Гора. Тој мора да ја напушти земјата во рок од седум дена, до завршување на второстепената судска постапка која е покрената против него.
– Според одлуката за забрана за престој во Црна Гора, Јањиќ мора да ја напушти земјата до 26 јуни – изјави неговиот адвокат Јосиф Миќковиќ.
Тој претпоставува дека причината за протерувањето на Јањиќ е тоа што тој нема дозвола за работа и затоа не постои услов тој да остане на територијата на Црна Гора.
Јањиќ стравува дека и на другите свештеници во Пљевља ќе им бидат дадени решенија со слична содржина.
Голем број верници се собраа пред зградата на граничната полиција да го дочекаат исходот од разговорот. Откако Миќковиќ и Јањиќ си заминале, верниците се разотишле.