Собранието во Србија, денеска, со 145 гласа го усвои извештајот за Косово, што пред пратениците го претстави српскиот претседател, Александар Вучиќ.
„Против“ гласаа четворица пратеници, а 13 пратеници не гласаа, пренесуваат агенциите.
Извештајот за Косово беше единствена точка на дневниот ред во Собранието.
Доколку постои компромис, луѓето ќе мора да се изјаснат, а референдумот ќе биде обврзувачки. Расправата за извештајот траеше два дена.