Српскиот парламент денеска ги избра членови на Комисијата за истрага на последиците од бомбардирањето на НАТО во 1999 година, со задача да утврди како нападите влијаеле врз здравјето на граѓаните и животната средина во Србија.
За претседател на Комисијата е избран Дарко Лакетиќ, пратеник од владејачката Српска напредна партија (СНС) и претседател на парламентарната Комисија за здравство.
Потпретседател ќе биде претседателката на Комисијата за заштита на животната средина Ивана Стоилковиќ, исто така од СНС.