Српскиот министер за финансии Душан Вујовиќ поднесе оставка, а одлуката за повлекување ја донел од лични причини, соопштено е утрово во Белград, со што се потврдени пишувањатаво медиумите за неговото напуштање на владата.
– Министерот за финансии во Владата на Република Србија Душан Вујовиќ одлучи да се повлече од таа должност и за тоа ја информираше претседателката на Владата Ана Брнабиќ. Причините за повлекувањето на министерот Вујовиќ се од лична природа – се наведува утрово во владиното соопштение.
Веста за оставката доцна синоќа, повикувајќи се на неофицијални извори, ја објавија повеќето белградски електронски медиуми, наведувајќи дека Вујовиќ оценил дека четири години, колку што беше на функција, „се доволни човек да се покаже на јавна функција“.