Веднаш по апсењето на Нинослав Јовановиќ, педофилот киднапер кој ја грабна 12-годишната Моника, во српската јавност се појавија теории дека не е уапсен вистинскиот злосторник, туку некој друг, пренесува хрватски „Индекс“.
Таквата теорија брзо се распространила на социјалните мрежи каде привлекла внимание на уште повеќе корисници. Така, некои од нив тврделе дека дека на претходно објавените фотографии од Јовановиќ јасно се гледа дека тој е проќелав, додека на фотографиите направени на денот на апсењето, човекот имал многу коса.
Врз основа на ова во српската јавност се проширила теоријата дека не станува збор за иста личност, пренесува „Индекс“.
Порталот се повикува на информации и од српски „Телеграф“, според кои, во врска со ова, вчера се огласиле и од српската полиција со соопштение дека Нинослав Јовановиќ познат како „малчанскиот бербер“ е дефинитивно уапсен.
„Министерството за внатрешни работи информира дека идентитетот на уапсениот Нинослав Јовановиќ (46) од селото Малча кај Ниш е потврден врз основа на отпечатоци од прсти и дека утврдувањето на неговиот идентитет е спорведено од професионални форензичари“, соопштиле од српската полиција.
Воедно, од таму апелериале во јавноста да не се шират лажни информации.
Потрагата по Јовановиќ, кој е осомничена за киднапирање на 12-годишната Моника Каримановиќ од Суви Дол кај Ниш, заврши со негово апсење на гробиштата во селото Малча. Потрагата траеше десетина дена, а девојчето беше пронајдено живо, на голема радост на нејзините родители.