Владата на Србија на денешната седница донесе одлука за формирање на Комисија за борба против наркоманијата во училиштата, која ќе работи на подигнување на свеста за штетноста од употребата на наркотици, на чие чело е поставен министерот за здравсрво Златибор Лончар.
Во соопштението од Владата, се наведува дека Србија е решена во намерата бескопромисно да им се спротивстави на дилерите на дрога, а акцентот е ставен на оргнизирана системска кампања за децата од училишна возраст кои се најчеста мета на дилерите
Кампањата ќе се одвива преку едукација на учениците, преку емитување на реални нецензурисани снимки, кампања во медиумите и обиколка на учениците и родителите на институции каде се лекуваа зависниците од наркотици.
Како што соопшти српската Влада, стручни тимови составени од психијатри, психолози, полицајци, обвинители и други експерти, ќе ги посетуваат основните и средните училишта и преку директни разговори со учениците ќе ги престават штетните последици од наркотиците, како за непосредните зависници, така и за нивните фамили и пријатели.
Паралелно со ова, ќе се врши влијание и врз свеста на родителите преку едуцирање на препознавањето на промените во однесувањето кај своите деца, настанати како последица од употребата на дрога.
Срската Влада нема да има милост кон дилерите кои продаваат дрога на малолетни лица, се наведува во соопштението.