Српските безбедносни служби синоќа добиле наредба од српскиот претседател Александар Вучиќ да ја подигнат својата подготвеност за евентуален нов бран мигранти.
Србија планира целосно да ја затвори границата со Македонија, со што нема да дозволи влез за ниту еден бегалец, ако мигрантите евентуално успеат да ја поминат грчко-македонската граница.
Српскиот претседател во повеќе наврати повтори дека нема намера неговата држава да се претвори во паркинг за мигранти.