На седницата на Владата на Србија беше усвоен предлог-законот за дополнување на Законот за државни и други празници во Република Србија, со кој се предлага 24 Мај да биде нов празник – Ден на Кирил и Методиј.
Со овој празник ќе се одбележи Денот на словенската писменост и култура, која ја втемелија словенските просветители Кирил и Методиј, основачите на словенската книжевност и творци на првото словенско писмо – глаголица, објави прес-службата на српската влада.
Според РТС, 24 Мај ќе биде државен празник и работен ден.
Иницијативата потекнува од Министерството за култура, а предлогот беше доставен до Владата од страна на Министерството за труд.