Фото: Архива

Приштина со платформата усвоена за дијалог со Белград испраќа порака дека тоа е крај на дијалогот. Тоа го изјави вечерва директорот на Канцеларијата за КиМ, Марко Ѓуриќ.

– Со усвојување на платформа во која се вели дека единствен можен исход од дијалогот е признавање, не третирајќи права и состојба на Србите, значи дека Приштина на тој начин испраќа порака дека тоа е крај на дијалогот, изјави Ѓуриќ.

– Одлуката на властите во Приштина ја става Србија во најтешка положба од 2011 година кога Албанците заедно со западни партнери ставија граница на Јариње и Брњак, рече Ѓуриќ.

Тој додаде дека претседателот на Србија Александар Вучиќ за утре наутро закажал итна седница на Советот за национална безбедност.