Четири лица починаа од западнонилска треска во Србија во текот последната недела, со што бројот на жртвите од болеста од почетокот на годината достигна 15 лица, пренесе Танјуг.
До сега, 159 луѓе во Србија заболеа од западнонилска треска.
Вирусот на таа болест првпат е регистриран во земјата во 2012 година, и од тогаш до 2017 година беа пријавени 574 случаи на западнонилска треска, а 61 од болните починале.
Западнонилска треска е сезонска болест и е забележана во периодот на најголема активност на комарците.
Во Европската унија оваа година се регистрирани 273 случаи на заболени од западнонилска треска – во Италија, Грција, Унгарија, Романија, Франција и Хрватска. Деветмина од пациентите починале.