Србија денес затвори повеќе гранични премини со Босна и Херцеговина, што е една од мерките што ги презема за да се спречи ширењето на коронавирусот. Мерката се применува од изутринава од седум часот.
        
Граничната полиција на БиХ соопшти дека биле известени за мерките на соседите и дека се работи за премините Бадовинци – Попови, Јамена – Доње Црњелово, граничните премини Мокронози и Царево Поље, граничниот премин Зворник, железничката станица Брасина во внатрешна Србија и граничниот премин Скелани – Бајина Башта.
        
Република Србија, исто така, затвори неколку гранични премини и со Хрватска.Затворени се ГП Батина-Бездан, железничкиот мост „Ердут-Богојево“ и преминот Апатин