Српската министерка за европска интеграција, Јадранка Јоксимовиќ и комесарот за пристапни преговори, Јоханес Хан, денеска во Брисел го потпишаа пакетот за претпристапната помош на ИПА програмата за 2018 година во износ од 179,1 милион евра.
Станува збор за неповратни средства од ЕУ наменети за поддршка на Србија на европскиот пат.
ИПА програмата за 2018 година предвидува поддршка на проекти во областа на заштитата на животната средина, иновациите, развојот на туристичката инфраструктура, како и поддршка на ранливите категории преку одржливи решенија за живеалишта и вработувања.
Програмата предвидува и интервенции во областа на статистиката, процесот на европските интеграции и усогласување со стандардите на ЕУ, пренесе новинската агенција „Танјуг“.
Преку ИПА фондовите ЕУ помага и ги поддржува земјите кои се кандидати за членство во ЕУ.