Србин е ранет за време на полициската акција во Звечан, пренесуваат српските медиуми. Како што се наведува, тој бил застрелан во грбот и е во многу тешка состојба.
– Повредата е нанесена од огнено оружје, тој е застрелан во пределот на градите. Неговото рамо и реброто беа повредени, ние се подготвуваме за операциона сала за да го отстраниме куршумот. Тој се наоѓа на интензивна нега и е во сериозна состојба – рече хирургот Златан Елек, директор на КБЦ „Косовска Митровица“.
Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, на прес-конференција рече дека има десетици повредени Срби во акцијата на косовската полиција.