Во последните 24 часа грчката полиција спречи влегување на 1 646 мигранти на грчката територија.
Уапсени се двајца мажи, еден од Египет и еден од Мароко, пренесува грчкиот весник „Катимерини“.
Десетици илјади мигранти се обидуваат да ја преминат турско-грчката граница, откако Турција на 28 февруари изјави дека повеќе нема да ги задржува мигрантите и бегалците на нејзината територија, што е инаку, предвидено со договорот меѓу Анкара и Европската Унија 2016 година.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера ја повика Грција да ги отвори границите за да можат мигрантите да се движат кон ЕУ.