Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ најави дека Јужноафриканската Република, како претседавач на Советот за безбедност на ОН, закажала седница на 31 октомври за ситуацијата на Косово.
– Важно е Србите единствено да учествуваат на изборите и да гласаат за претставниците на Српската листа. Тоа не е партиска определба, туку целта е да се заштити српскиот народ од тоа што некој друг да ги бира нивните претставници – изјави Дачиќ за РТС.