Три лица, меѓу кои и бремена жена и дете загинаа во источниот дел од Романија, кога маж со телефонот и „во живо“ на социјалните мрежи пренесувал брзо возење со автомобил, пришто излетал од патот и влетал во нивниот двор.
На лице место загинале бремената жена, нејзиното тригодишно дете и 79-годишна жена, додека едно лице е повредено.
Повредени се и возачот и уште еден патник од автомобилот, пренесе „Индекс“.
Возачот се обидел да побегне од местото на несреќата, но набрзо бил фатен и приведен од страна на полициските службеници.