Силно невреме ја зафати Хрватска. Погоден е северен Јадран, објави „Далмација Данас“.
Во делови од Истра веќе наврнале повеќе од 30 литри дожд по квадратен метар.
При доаѓањето на бурата над Кварнер, имало силни удари на ветер, објави Индекс.хр.
Посебно силно невреме го погодило Сењ, каде се поплавени улиците.
По доаѓањето на невремето, температурите на воздухот паднале за повеќе од 10 степени.
Претходно, беше најавен црвен метео аларм.