Силно невреме ги погоди денеска Словенија и Хрватска.
Откако бурата ја зафати Словенија каде што силниот ветер корнеше покриви, студениот бран стигна и во Хрватска, пишува „Јутарњи лист“.
Како што јави „Истрамет“ за само два часа во Истра биле забележани над 20.000 грмотевици.
Силен дожд го погоди и подрачјето на Горски Котор.