Во центарот на Загреб, рано утринава се случи експлозија, соопшти хрватската полиција. Засега нема информации за повредени при инцидентот.

– Добивме дојава во 06.20 часот. Постапката е во тек – изјави претставник на загрепската полиција, пренесува „Јутарњи лист“.

Очевидци велат дека наводно бомба експлодирала во едно кафуле, спроти кое е зградата каде живее Томислав Карамарко, еден од основачите на партијата Хрватска демократска заедница (ХДЗ).

Во експлозијата оштетени се неколку возила, а искршени се и прозорците на првиот кат од зградата во непосредна близина.