Три лица загинале во експлозија што се случила денеска околу 15.30 часот во Ланчово во општина Радовљица, во северозападна Словенија, за која причините сè уште се испитуваат, пренесува хрватски „Индекс“.
Експлозијата се случила во објект во близина на локална продавница, кој бил изнајмен, а некогаш служел како работилница за столарија.
Пожарникарите кои пристигнале на местото на настанот веднаш го обезбедиле објектот и ги исклучиле водата и струјата, но експлозијата, која била многу силна, не предизвикала пожар.
Полицијата по првичната истрага соопшти дека експлозијата најверојатно се случила во близина на печка на цврсто гориво, но нејзината точна причина сè уште не е позната.
Истрагата ќе продолжи во текот на утрешниот ден.
Според првичните информации, најверојатно загинале луѓето кои го изнајмиле објектот.
Локалните медиуми објавија дека загинеле 40-годишен маж и неговиот 20-годишен син, како и нивниот сосед, исто така 40-годишник.