Силен земјотрес ја погоди и Грција изутринава со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот е близу Крит, со јачина од 6,0 степени според Рихтер, пренесува ЕМСЦ. Потресот е почувствуван и во Атина.
– Почувствував земјотрес, но не забележав никаква штета. Луѓето веднаш излегоа на улиците, се создаде метеж – напиша еден Грк на Твитер.
Катастрофалниот земјотрес со јачина од 6,4 степени вчера во Албанија уби 24 лица, а 650 се повредени. Изутринава во 7.20 часот се забележаи нови послаби земјотреси, од 3,4 степени 29 километри северо-западно од Драч, пренесува ЕМСЦ.
Ова е 42-от земјотрес што е почувствуван во Јадранот во последните 34 часа.