Речиси 1.000 згради се оштетени во земјотресот што го погоди западниот дел од Турција, соопштија властите во земјата.
Во областа што вчера ја погоди земјотрес со магнитуда од 6 степени, тешко се оштетени 108, а умерено 868 објекти, изјави турскиот министер за урбано планирање, Мурат Курум. Повредени се дестина луѓе.
Мештаните за време на потресот панично бегале на улица.