Најмалку две лица загинаа, а шест други се повредени денеска при уривање на шесткатна зграда во истанбулската населба Картал, соопштија локалните власти на Истанбул.
Како што јави ДПА, во соопштението се посочува дека под урнатините „останале заробени повеќе лица“, без да се прецизира конкретна бројка.
Турските медиуми претходно јавија дека по уривањето на зградата, под урнатините биле затрупани повеќе од 20 лица.
Најверојатна причина за уривањето на зградата е експлозија.
Во зградата, што се наоѓа во азискиот дел на Истанбул, имало 24 станови.
Превентивно властите спроведoа евакуација на две соседни згради.