Беспилотен авион од типот „Сагем Спервер“ на грчката армија претпладнево се урнал на околу четири километри западно од градот Комотини во северна Грција.
Како што јави „Катимерини“, авионот извршувал тренинг лет и се урнал пет минути по полетувањето. Според првични проценки, инцидентот е последица на механички дефект.
Остатоците од авионот се собрани и се очекува официјална информација од армијата