Во Албанија стапи во сила законот со кој се затвораат обложувачниците и електронските казина, кои ќе можат да работат под одредени услови и објекти.
Ова го одлучи Владата во Тирана, чија одлука е вградена во дополнувањата на Законот за игри на среќа во таа земја во средината на октомври.
Исто така, како што се наведува, се затвораат сите електронски казина, кои сега ги има на главните улици во градовите во Албанија, а ќе бидат достапни само во хотелите со пет ѕвезди, кои се наоѓаат надвор од урбаните подрачја, пренесе Ал џезеира.
Албанскиот премиер Еди Рама им упатил порака до членовите на Парламентарниот одбор за економија, каде што наведува дека обложувачниците ќе бидат затворени на 31 декември и дека нема да бидат „онлајн-монопол“.
– Почнаа да ми стигнуваат реки од пораки на мобилниот телефон против затворањето на обложувачниците. Тоа е оркестрирано од затворите и од оние што се кријат зад компаниите, па немојте да паничите, и да ги слушате клеветите за „онлајн-монопол“, бидејќи нема да има никаков монопол – изјави Рама.