Пациентите во болницата во Петриња чекаат да бидат евакуирани, откако по денешниот силен земјотрес во објектот долго време немаше ниту електрична енергија ниту греење, пренесуваат хрватските медиуми. Одреден број пациенти се во болницата, а другите се надвор и чекаат превоз за во Загреб.
Не престанува да се тресе земјата во Хрватска, пренесува Н1.
Во Петриња се уште трае потрагата по преживеани лица. Од под урнатините извлечени се двајца живи луѓе.
Земјотресот беше со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот беше на 47 километри југоисточно од Загреб, односно на три километри од Петриња. Потоа следуваа уште неколку потреси.
Регионот понуди помош за Хрватска. Македонија најави помош од 6 милиони денари.