Серија земјотреси утрово беа регистрирани во морскиот дел, во близина на грчкиот остров Лезбос.
Најсилниот е со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала, а бил регистриран утрово околу осум часот по локално време. Минута подоцна се случил уште еден земјотрес со јачина од 4,8 степени.
Засега нема информации за повредени или за материјална штета.