Продолжува драмата со потрагата по исчезнатото 6-годишно момче, кое пред два дена падна во надојдената река Босна. Семејството се сомнева дека тоа е затрупано со песок, пренесуваат босанските медиуми.
Мештаните на Бегов Хан, од каде е исчезнатото дете, потпомогнати од спасувачки екипи го пребаруваат коритото на реката Босна. Во потрагата учествуваат екипи на Горската служба за спасување од Завидовиќ, како и други спасувачки екипи, кои денеска го пребаруваат брегот на реката Босна.
Тие со чамци ќе го поминат коритото кон Жепча. Се очекуваат и екипи од Зеница, како и припадници на Кантоналната и Федрална управа за цивилна, кои вчера го пребараа теренот на брегот, користејќи дронови за да ги анализираат снимките.