Над 50 отсто од потенцијалните бугарски купувачи ќе ги искористат попустите за време на црниот петок, кога во многу трговски центри во Бугарија се воведуваат големи намалувања на производите. Според истражувањето на Асоцијацијата на заштита на потрошувачи секој купувач во просек би потрошил околу 500 лева. Ова е зголемување за 100 лева во однос на минатогодишниот црн петок.
Најголем промет на овој ден се очекува во продавниците во трговските центри и преку онлајн-продажбата, каде што се најавени намалувања на цените од 20 до 70 отсто.
Бугарските потрошувачи на денот на големите попусти најмногу се расположени да купуваат облека, електроапарати и обувки, објави Денес.бг.