Ако можеме да испратиме човек на Месечината, можеме и да го пронајдеме патот за враќање на дијалогот меѓу Белград и Приштина на преговарачката маса, напиша амбасадорот на САД, Кајл Скот, на „Твитер“.
Тој го напиша тоа по повод изјавата на советникот за национална безбедност, Џон Болтон, за состанокот со шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ.
Болтон изрази задоволство од состанокот, наведувајќи дека Дачиќ и тој се согласиле оти е потребно да се почне дијалогот со Косово бидејќи ниту една страна нема корист од статус кво.
САД одбележуваат 50-годишнина од денот кога првиот човек стапна на Месечината.