Русија е подготвена и во иднина на српските партнери да им дава поддршка во одбрана на легитимните национални интереси по прашањето за Косово, пред се во меѓународните структури, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во писмото до српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.
Во писмото кое Лавров го испрати како одговор на Дачиќ за акцијата на специјалната косовска полиција во Косовска Митровица при приведувањето на директорот на Канцеларијата за Косово, Марко Ѓуриќ, Лавров го информираше Белград дека „се упатени соодветни инструкции до постојаните претставници на Русија во ООН во Њујорк, како и до ЕУ и НАТО во Брисел и ОБСЕ во Виена“ објавија српските медиуми.
Како што се наведува, Лавров во возвратното писмо до Дачиќ кој по инцидентите во северно Косово упати писмо до сите членки на ООН, го информира српскиот шеф на дипломатијата дека „во потполност ги дели оценките“ кои тој ги изнел.
Писмото на Лавров, како што вчера соопштија од Министерството за надворешни работи, на Дачиќ му го врачи рускиот амбасадор во Белград Александар Чепурин.
Дачиќ вчера изјави дека Белград нема да протера руски дипломати.
– Сега не тераатда протераме руски дипломати, а тоа не го стоирија одредени земји членки на ЕУ, па тогаш нема нуту ние тоа да го сториме, изјави Ивица Дачиќ.