Тригодишно дете било искасано од ротвајлер во моментот кога со родителите излегувало од кафуле во центарот на Ражањ, населено место на хрватското приморје.
Како што пишува „Слободна Далмација“, детето успеал во последен момент да го спаси неговиот татко и сега тоа се наоѓа во болница во Шибеник.
– Кога излегувавме од кафулето, видовме пред нас два ротвајлера како шетаат без ремен и без корпа на муцката. Тие, штом нѐ здогледаа, се затрчаа кон нас, а ние веднаш се вративме назад кон кафулето. Во таа паника, сопругата не успеа да ја затвори вратата и еден ротвајлер се фрли врз нашиот син стар три години и четири месеца, а вториот на нашето кученце. Кучето го турна мојот син на подот и почна да го гризе. Јас се фрлив врз него и почнав да го тргам од моето дете. Притрча и сопственикот на кафулето и заедно успеавме да го тргнеме кучето. Потоа веднаш отидовме на Итната помош во Шибеник“, раскажува Марин, татко на детето, при тоа додавајќи дека е чиста среќа што кучето не му ги пробило белите дробови.
Сопственикот го призна нападот, но додаде дека ротвајлерот се затрчал кон кученцето, а детето се нашло на неговиот пат. Тој негираше дека во нападот учествувал и вториот ротвајлер.
Полицијата најави дека против него ќе поднесе прекршочна пријава.