Четири деца се повредени во Какањ, кога рингишпил полн со деца излетал од предвидената рута на движење, а корпите со децата се закачиле за дрво, соопштија властите во Босна и Херцеговина.
За среќа, децата не се здобиле со тешки телесни повреди, пренесе „Клих“.
Полициските сужбеници извршиле увид, а за случајот бил известен дежурниот обвинител.