Редок вид риба,со своите мрежи уловија рибари од приморскиот албански град Валона. Рибата е од видот „Ruvetus“.
– Овој вид риба живее во поголема длабочина, но климатските промени условија тие да го сменат своето живеалиште.Се смета за редок вид риба,тешка беше 50 килограми, а долга два метра. Се храни со лигњи и ракчиња – вели рибарот Шериф Дурмиши.
Според него, претходно, во заливот на Валона, во водите на Јонско Море, биле уловени и други риби од редок вид, како и ајкули, што укажува дека климатските промени условиле тие да се појават и во морските води на албанскиот дел.