Албанското Министерството за одбрана го вклучи алармот поради зачестените пожари, кои се се поприсутни на целата територија на земјата, информира МИА.
Министерката Олта Џачка изјави дека само во месец март годинава регистрирани се 243 пожари од широки размери, што е за околу 95 отсто повеќе од лани, оценувајќи при тоа дека сите се намерно подметнати и оти тие се „чисти криминални и вандалски акти“.
Министерката истакна дека тие се идентични со експлозивот на високонапонскиот столб во Фуш-Круја.
Според неа, најмногу пожари се регистрирани во подрачјето на Елбасан, Скадар и Пешкопеја, опожажарени се околу 250 хектри, пред сè шума и маслинови насади. Кривични пријави заработиле 57 лица.
Таа упати апел до сите политички сили, сите политичари, неселективно, да се се придружат во осудата на таквите акти и заедно да се ангажираат во борбата против пожарите, а од граѓаните побара да бидат повнимателни.
Продолжува ангажираноста на припадниците на албанската армија, нагласи Џачка, во гаснењето на пожарите кои се активни на територијата на Албанија.