Нови 21 случаи на коронавирус потврдени се вечерва во Грција, јави грчкиот весник „Катимерини“.
Вкупниот број на заразени со новиот коронавирус сега изнесува 66 и сите се со грчко потекло. Од нив, 51 случај е поврзан со групата што била на аџилак во Израел и во Египет, односно 47 членови на групата и четири нивни контакти.
Еден од пациентите е хоспитализиран со тешка пневмонија во Одделот за нега на пациенти во Патра. Сите други се во стабилна состојба и нивниот здравствен надзор продолжува, информираат од грчкото министерство за здравство.
Од пациентите, 22 се хоспитализирани во Атика, Солун и Патрас, а 43 се изолирани во нивниот дом.