Албанскиот премиер, Еди Рама, објави дека се сретнал со претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, во неговата летна резиденција во Мармарис.
– Со претседателот на Турција, драгиот пријател Реџеп Таип Ердоган, за време на престојот во неговата летна резиденција во Мармарис, разговаравме широко за односите меѓу Албанија и Турција, предизвикот за зајакнување на економијата во услови на пандемијата со ковид-19 , унапредувањето на билатералната соработка, како и состојбата во регионот на Западен Балкан – напиша Рама на социјалните мрежи.
Средбата не беше претходно најавена и претходи на неговата посета на Грција каде ќе престојува утре и задутре.
Рама во Грција ќе учествува на собирот организиран од списанието „Економист“, а предвидено е и да оствари средба со грчкиот колега, Киријакос Мицотакис.