Бугарскиот претседател Румен Радев вчера ги почна политичките консултации со парламентарните партии од новоизбраниот парламент. Први во зградата на претседателството дојдоа претставниците на ГЕРБ, првата политичка сила во Бугарија по парламентарните избори одржани на 4 април.
По средбата, претседателката на парламентарната група ГЕРБ-УДФ, Десислава Атанасова, изјави дека тие се подготвуваат и да владеат и да бидат во опозиција, како и за привремена влада.
Претседателот Радев ја потсетил партијата Има таков народ дека доколку влада на ГЕРБ-УДФ не биде прифатена во бугарскиот парламент или таа воопшто не биде поднесена како предлог, одговорноста доаѓа на нив и побарал да слушне под кои услови тие би формирале влада. Заменик-претседателот на Има таков народ, Тошко Јорданов, изјави дека партијата ќе ги објави своите намери откако ќе добие мандат за формирање влада.
Веќе в среда може да се гласа на новата бугарска влада, предводена од Даниел Митов, изјавија извори од ГЕРБ за водечките бугарски медиуми. Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, самиот соопшти дека неговата партија нема намера да го кочи овој процес и дека тие веќе го подготвиле нивниот предлог за владиниот кабинет.