Седницата на бураскиот парламент, пред кој се собраа од изутринава илјадници демонстранти на антивладини протести, започна со говорот на претседателот Румен Радев, кој ги повика пратениците „да ги следат волјата и барањата на Бугарите за итна и безусловна оставка на кабинетот“.
Пратениците од партијата ГЕРБ ја напуштија пленарната сала пред почетокот на обраќањето на претседателот Румен Радев пред народот и Националното собрание.
„Во длабоката институционална криза, Националното собрание е институција што треба да биде одговорна за граѓанскиот мир и иднината на Бугарија. По два месеци немилосрдни протести во земјата и сериозна дискредитација во светските медиуми, мислам дека конечно е поставена дијагноза за таквата влада. Очекувам бугарскиот парламент да не ја менува агендата, тоа е она што го сака општеството. Како израз на волјата на народот, ве повикувам да ги следите барањата на Бугарите за безусловна оставка на владата. Немаме друг излез од кризата освен тоа да биде направено на мирен начин – рече Радев.
Во Бугарија веќе два месеци се одржуваат протести на кои се бара оставка на Владата на Бојко Борисов.
Ескалираа протестите во Бугарија, демонстрантите 56 дена бараат оставка од Борисов
Од изутринава е тензично меѓу полицијата и демонстрантите пред поранешниот Партиски дом во Софија, каде заседава парламентот. Припадници на полицијата се испратени на лице место со штитови за да се смири напнатоста, јавуваат бугарските медиуми.
Ситуацијата ескалирала кога демонстрантите започнале да употребуваат сила против полициските возила. Тие фрлале со јаболки и јајца кон зградата. Едно лице е приведено.
Засилено е полициското присуство во центарот на Софија поради очекуваните протести низ целата земја.Првите демонстранти започнале да се собираат околу 7 часот.
„Неистомислениците планираат да го блокираат парламентот. Луѓето од целата земја се очекува да пристигнат во главниот град“, јавуваат бугарските агенции.
Илјадници луѓе уште од рано наутро протестираат пред бугарското Собрание, јави репортерот на БГНЕС.
Незадоволните демонстранти скандираат и бараат оставки од Бојко Борисов и бугарскиот главен обвинител, Иван Гешев. Протестите се одржуваат 56. ден по ред.
Полицијата се наоѓа на сите булевари што водат до зградата на Собранието, каде што се одржува седница.