Бугарскиот претседател Румен Радев одговори на повиците за дијалог што ги упати Цвета Карајанчева, претседателката на парламентот во Софија, каде што во изминатите десетина дена се одржуваат протести за оставка на Владата на Бојко Борисов и на главниот обвинител.
– Требаше да водат дијалог со народот кога беше време. Но тие надмено гледаа од горе и не одговараа на главните барања. Сега е доцна за дијалог. Народот веќе не ги сака – изјави Радев.
На прашање до кога ќе има протести, Радев одговори, „додека не паднат тие што треба да си заминат“.
Борисов го обвини Радев дека е сценарист на антивладините протести во Бугарија.