Во автобус вечерва е пукано од калашников кај селото Глоѓане кај Дечани, во Косово, а според последните информации загинале четири лица.
Од болницата во Пеќ за ТВ Клан Косово потврдија дека загинале двајца ученици и возач на автобус. Од болницата соопштија дека не е познат бројот на повредени, пишува Косово онлајн.
Според Коха, на лице место загинале возачот и кондуктерот на автобусот, како и две помлади лица на возраст од 18 и 17 години.
Албанските медиуми ги објавија имињата на жртвите. Загина возачот Г.Ѓ. и учениците Л.Х. и Г.М. Полицијата потврди дека неколку маскирани лица го нападнале автобусот, дека возачот е убиен, а неколку ученици се повредени.
Градоначалникот на Дечани, Баским Рамосај потврди дека вечерва се убиени три лица откако врз нив било пукано во автобусот во кој се возеле учениците.
– Возачот починал на лице место, додека двајца ученици починале во болница – рече Рамосај.
Рамосај рече дека автобусот превезувал ученици од Ѓаковица до Дечани.
Според неофицијални информации, нападот се случил поради одмазда. Имено, еден од патниците бил исфрлен од возачот и кондуктерот на автобусот бидејќи ги малтретирал девојките. Потоа земал калашников, го чекал автобусот и испукал рафал.