ГРЦИЈА

Грчката влада ја продолжи забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, како и ограничувањата на копнените граници и поврзувањата со Северна Македонија и Албанија, одлука што ќе биде во сила до 8 февруари, во 6 часот наутро.
Првиот член од одлуката се однесува на копнените граници на Грција, односно на привременото ограничување на сите копнени (патните и железничките) поврзувања од и кон Грција, „поради превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на ковид-19 на грчка територија, како и забрана за влез на лица на грчка територија, освен ако исполнуваат конкретни предуслови“.
Од другите гранични премини што се отворени, односно Евзони/Богородица кон Македонија, Какавија кон Албанија и Кипи кон Турција, влезот во Грција е дозволен само за одредени категории и исто така со потврда за претходно направен негативен ПЦР-тест и со негативен резултат од брзиот тест на самиот граничен премин направен од грчките власти.
Овие гранични премини се отворени од 7 часот наутро до 23 часот,
Во однос на камионите за транспорт на стоки, отворени се седум гранични премини, четири со Бугарија, и по еден со Турција, Македонија и Албанија, а за возачите не важи задолжителната потврда за негативен ПЦР-тест.