Во првото полугодие на 2018 година во Бугарија се продадени 79 возила на алтернативен (електричен) погон, што претставува раст од 600 отсто во споредба со истиот период лани. За првите шест месеци од 2017 година биле продадени само 13 електромобили. Исто така, има и зголемување на продажбата на хибридни автомобили (напојувани со електрична енергија плус друго гориво). Во текот на првите шест месеци од оваа година беа продадени 708 хибридни возила, а лани за истиот период минатата година 588 возила. Ова се податоците на Здружението на производители на автомобили за продажба на нови патнички автомобили.
Генерално, зголемувањето на продажбата на автомобили со алтернативен погон во Бугарија е зголемен за околу една третина во првите шест месеци од годинава. Значително се зголемува и процентот на продадените нови бензински автомобили, продадени се вкупно 10.092 возила, за разлика од продадените 7.097 автомобили за истиот период минатата година. Послаб раст од пет отсто има кај продажбата на нови дизел-автомобили. Годинава се продадени 10.202, односно 9.751 возило во 2017 година.
Бројот на продадени хибридни возила во Европската Унија достигнал над 550 илјади, што е едно возило на секои шест новопродадени возила на бензински погон. Процентуално најголемо зголемување на продажбата на возила на алтернативен погон има во Шпанија со 80 возила на сто, Германија со 72, Франција со 43 на сто возила.
Голем дисбаланс во продажбата има во односот меѓу бензинските и дизел-горивата. Во ЕУ на секои 100 продадени возила 58 биле на бензин, а 36 биле дизел-возила. Во земјите од ЕУ годинава биле продадени 3,1 милиони нови дизел-автомобили, што е намалување од 15 отсто во споредба со лани кога биле продадени 3,7 милиони возила.