Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека бил прислушуван речиси 24 години, со одредени паузи, на ралични начини и со користење разни методи.
– За разлика од вас, ние не ве прислушуваме – и порача Вучиќ на опозицијата, која пак тврди дека власта ги слуша нивните разговори.
Претседателот рече дека 24 години бил прислушуван. Тој изнесе документација која, како што изјави, се однесува на прислушкувањето кон него и кон лицата со кои имал комуникација заклучно со 2004 година.
Министерот за внатешни работи Небојша Стефановиќ неодамна изјави дека Вучиќ бил прислушуван постојано од 1995 до 2000 година, понекогаш без никаква судска наредба и мерка која на било кој начин е законски заснована.
Од друга страна, поранешниот српски претседател, Борислав Тадиќ, најави поднесување на кривична пријава против Александар Вучиќ. Тој вчера, на прес-конференција истакна дека Вучиќ нелегално го прислушувал него и тоа го изјавил неговиот „идеолошки татко“, Воислав Шешељ.
Поранешниот претседател на Србија додаде дека во светот не е забележан случај опозиционер да го прислушува шефот на државата.