Црна Гора
Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, во Европскиот парламент во Стразбур вчера најави дека неговата земја е подготвена да прими бегалци доколку тоа е потребно во знак на солидарност со ЕУ.
– Без разлика на тоа што Црна Гора не е на маршрутата на бегалците сакам да информирам дека сме подготвени за тоа, со целосна подготвеност на инфраструктурите, доколку миграцискиот процес продолжи и дојде до промена на маршрутата – рече Ѓукановиќ.
Црногорскиот претседател не рече која е точната бројка на бегалци што Подгорица е подготвена да ја прими, но изјави дека е во контакт со италијанските власти на таа тема.
– Последниот проблем во Италија покажа дека ни е потребна повеќе солидарност за овој проблем во Европа туку и солидарност со нашиот сосед, Италија – рече претседателот на Црна Гора.
Претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, му се заблагодари на Ѓукановиќ.
– Ова е многу важна порака на Црна Гора до Европа и јужна Европа, ни треба повеќе солидарност во Европа и грешка да се остави проблемот само на италијанска или грчка маса – рече Тајани.