Новиот премиер на Грција, Кирјакос Мицотакис, денес во обраќање заедно со претставници од неговата партија Нова демократија изјави дека има доверба во способностите на неговата влада и постави за цел преобликување на моделот на владеењето во земјата, пренесува „Катимерини“.
– Победивме на изборите поради вербата на народот за подобра Грција. Сега е времето да ги обединиме сите Грци зад една заедничка визија. Ние сме подготвени и веќе почнавме со работа – изјави Мицотакис.
За таа цел, Мицотакис истакна 12 клучни приоритети на чие остварување ќе работи неговата влада – силен економски раст со повеќе инвестиции и подобри работни места, зајакнување на вредноста на недвижностите, зголемување на безбедноста, подобрување на општествената солидарност, подобрување на здравството и образованието, подобрување на работните односи, заштита на околината, унапредување на состојбата на средната класа, олеснување на бирократијата со помош на дигиталната технологија, и општо, создавање на посилна Грција.