Во манастирот Цетиње започна устоличувањето на митрополитот црногорско-приморски, Јоаникијe.

Церемонијата на устоличување, која беше закажана за 8 часот, започна со задоцнување, додека во градот и натаму е хаос.

Претходно, избраниот митрополит црногорски и приморски, Јоаникијe, пристигна заедно со патријархот Порфириј во манастирот Цетиње со хеликоптер.

На снимката на Вечерњи Новости се гледаат силни безбедносни сили кои од земја го следат хеликоптерот што го пренесува свештенството.Патријархот и митрополитот беа пречекани со аплауз и црковни sвона и извици „Достоен!“.