Во Турција денес почна најголемата воена вежба „Морски волк 2019“, која ќе трае до 25 мај, според сајтот на турската агенција „Анадолија“.
Главниот штаб на турската армија објави дека вежбата, набљудувана од турската морнарица, ќе се одржи на три мориња – Средоземното, Егејското и Црното Море, со учество на 131 воен брод, 57 воени авиони и 33 хеликоптери.
Турските поморски сили ќе спроведат стратешки и оперативни вежби со сценарија слични на кризни ситуации и воена состојба.
Вежбата што ќе се одржи во источниот дел на Средоземното Море ќе вклучи системи за вооружување, меѓу кои се брзи беспилотни летала и повеќенаменско пловило Албатрос.
Во вежбата ќе бидат користени подморници, фрегати, поморска артилерија и вооружени беспилотни летала.