Познатиот српски и југословенски кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ почина денеска на 67-годишна возраст.
Балашевиќ пред три дена бил примен на Инфективната клиника во Нови Сад, во тешка состојба поради коронавирусот и имал воспаление на белите дробови. Но, неговата состојба се влошила и тој почина три месеци пред неговиот 68 роденден.
Балашевиќ е роден 11. мај 1953 година во Нови Сад. Тој беше член на групите „Жетва“ и „Ран мраз“, а во 1982 година започна соло-кариера и стана еден од најомилените поети и текстописци во земјите од поранешна Југославија. Тој исто така глумеше во неколку ТВ-серии, за кои пишуваше и музика.