Српските медиуми пренесуваат дека во Белата куќа е потпишан економски договор меѓу Белград и Приштина. Асистентот на американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека Србија и Косово во Вашингтон потпишале договор за економска нормализација.
Signing ceremony on increased economic normalization between Kosovo and Serbia pic.twitter.com/bSCBp9dYJi
— Jeff Mason (@jeffmason1) September 4, 2020
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, стигна во Белата куќа во 17 часот по средноевропско време.
Приштинската делегација пристигнала околу 17 и 38 часот.
По потпишувањето на договорот, во Овалната соба Трамп ќе одржи краток состанок со Вучиќ и косовскиот премиер, Авдулах Хоти, објавија српските медиуми.
Трамп требаше да одржи состанок со Вучиќ и Хоти во 17 часот, но приштинските медиуми објавија дека Хоти доцнел по предупредувањата од Приштина дека Владата ќе падне ако договорот биде потпишан.